Албанија го спаси Косово од рестрикции на струја

Властите во Тирана и наредија на националното претпријатие за електрична енергија да ги преземе сите мерки за да избегнат рестрикции на електричната мрежа на соседно Косово.



Албанија верува дека енергетската криза во Косово ќе го дестабилизира регионот.

Косово вчера воведе рестрикции за користењето на електрична енергија поради недостиг на средства во државната енергетска компанија. Оваа состојба настана поради екстремно високите цени на струјата на меѓународните пазари.