Албанија е пералница за пари, забележува Стејт департментот

„Перење пари“, раст на трговија со дрога и економскиот криминал, голема корупција и слаби институции се некои од забелешките за Албанија во извештајот за 2017 на американскиот Стејт департмент.



Се наведува дека албанските институции не се ефикасни во борбата против перењето пари, што дава можност во оваа змеја  лесно да се перат пари.

„Така Албанија, се врати на„перење пари“ земја каде се забележува раст на  трговија со дрога и економскиот криминал.

Изградбата на деловни проекти и коцкањето, се најпопуларните методи за перење пари во во оваа, се констатира во извештајот на Стејт департментот, кој ја советува официјална Тирана да ја засили борбата против корупцијата и да го засили одземањето на незаконски стекнатиот имот.