Во Албанија денеска беа испорачани првите 10.000 дози од руската вакцина „Спутник V“, донација од Обединетите арапски емирати.



По предлог на Владата, Парламентот во Тирана пред неколку дена даде зелено светло за употреба на руските и кинеските вакцини.

Албанија со денешната пратка има обезбедено над 90 илјади вакцини, од нив над 38 илјади од АстраЗенека, додека останите од Фајзер. Со вакцинацијата до сега се опфатени околу 47 илјади лица, здравствен работници, постар лица од 80 години и просветни работници.