Албански државјанин, кој со дозвола за престој живеел во Фиренца бил уапсен откако во камион се обидувал да прошверцува 476 килограми чист кокаин.



„Дрогата била пронајдена скриена меѓу градежен алат, во приколка на камион, пакувана во 400 пакетчиња. Доколку оваа количество кокаин се пушти на пазарот, се проценува дека би донела добивка од 45 милиони евра“, соопшти италијанската полиција.

Возилото било запрено на автопатот во близина на градот Арецо, а 38 годишниот Албанец со иницијали Ц.Е. бил спроведен во најблиската полициска станица.