Кујтим Фејзулаи, Албанец со двојно државјанство на Австрија и на Македонија, во ноември 2020-та носејќи автоматска пушка, пиштол и мачета, уби четворица и рани најмалку 22 жители на Виена пред да биде ликвидиран од полицијата.



Истрагата утврдила дека тој бил регрутиран и радикализиран токму од „Балканските лавови“, пишува Ил Темпо, повикувајќи се на Извештај на италијанските разузнавачки служби.

Тоа била и прва поголема терористичка акција на тн. „Балканските лавови“, пренесува Плусинфо

Во овој извештај се зборува за постоење на најмалку 20 џихадистички ќелии на Балканот, а името „Балкански лавови“ се спомнува како „инкубатор за терористички закани кон Европа“.

Задачата на оваа група, според италијанските разузнавачи, е да ги „зајакне периферните краци“ на движењето ИСИС во европските градови, што во превод значи – организирање и извршување терористички напади на стариот континент. Историјата на оваа група покажува дека веќе имала многу крв на рацете. Една од нивнитте први терористички акции е токму акцијата во Виена, која ја извршил макеоднскиот државјанин.

Оваа група е создадена од најозлогласените повратници од редовите на ИСИС од бојното поле на Блискиот Исток, кои по потекло се од Балканот.

Главата се наоѓа на Косово и Метохија, а има ќелии и во Албанија и во Македонија, пишува Плусинфо…