Абдул Рахман Белја, со прекар Калед ал Албани, Албанец од Македонија што војувал во Сирија против владините сили од 2013 година, убиен е во близина на Латакија од снајперист на Сириската арапска армија, објави на Твитер воениот фотограф и репортер на локалната Сама ТВ, Мохамад Даба.
Белја пред 11 години дошол во Идлиб преку Турција и подоцна станал командант на т.н. Албанска група, борејќи се за слобода од „режимот на Асад“ бидејќи „некој му рекол дека неговиот 70-годишен дедо пред 7.000 години можеби бил Сириец“, пишува Даба во објавата.
„Албанската група е терористичка организација основана од терористиот Абу Катада Ал-Албани во 2013 година. Тој се борел под знамето на ИСИС, а потоа дезертирал од неа кога организацијата почнала да се распаѓа и ѝ се приклучил на оперативната ќелија предводена од Хајат Тахрир ал Шам, поранешен Фронт Ал Нусра. Албанската група се населува во сириските села чии луѓе беа раселени во северните делови на Латакија и во западниот дел на Идлиб, заедно со организацијата на партијата Туркестан во првите редови против сириската армија“, објаснува новинарот во друг твит.





