Албанец и Македонец со свои аргументи за проектите на Министерство за култура

Активистот Арменд Нухиу објаснува дека Македонците сега ја чувствуваат неправдата која што Албанците ја живееле над 7 децении.



“Вака како што се чувстуваат најголем дел од сограѓаните Македонци за конкурсот во Култура, Албанците се чувствувале од 1945 до пред неколку години”, пишува Нухиу во обид да објасни зошто Македонците се повредени од одлуката на министерството за култура.

На ова објаснување реагира Акександар Ристовски, публицист и активист.

“Искрено, ама многу глуп муабет. Еве и ќе ти објаснам у два збора зошто:

– манифестациите театарски, музички, танцови, секакви …се инклузивни и се за сите. Ако некој организира концерт на музичари или глумци од америка, бразил, норвешка кој ќе биде во публика не е важно. Може да се Трајче, Шкљзен, Блерим, Урош, Северџан… универзална вредност е. Од друга страна поддршка за она дебелото дете Виган, или книга на албански со псевдо историска тематика, како е национален интерес?!?
Пред некој ден си ги средував книгите. Имам три збирки поезија од албански автори. На македонски. Ги финансирала државата во едно време. Одлични. Кога луѓето ќе сфатат дека не е проблем етничката припадност на артистот, туку сецесионизмот, делењето, двоењето! Кој спречува во Скопје македонски албанец да направи концерт, фестивал и претстава и за тоа да добие поддршка од државата? Никој. Ама ако е само на албански, ја правиш во Чаир и ја промовираш само на Шења или Алсат, ти се двоиш и сегрегираш. Поставуваш теза ко некој свесно и тенденциозно мајоризорал. Еве, јас со години сум бил одбиван на проекти “од моите”, или ќе сум дадел 4, ќе пројдел еден или два со пола или третина од сумата…. и??? Јас шо треба да правам? Ваквата реторика двои. Ствара омраза и поделби”, пишува Риатовски до Нухиу.