Албанец-доброволец по нападот врз Јаворив: „Сите сме исплашени, беше ужасно – одам дома, не сум подготвен за ова“

„Русите нападнаа со 30 бомби во моменти кога спиевме. Сите сме исплашени и под стрес. Не знаевме кај да одиме. Беше ужасно.’ – изјави за Гласот на Америка Јетмир Хисени, 22-годишен Албанец роден во Албанија и кој живее во Белгија, откако го преживеа рускиот напад врз Центарот за обука на странски борци во базата Јаворив. Тој зборуваше за Гласот на Америка по нападот, во кој беа убиени 35 лица, а 124 други беа повредени.“ – објавија информативните портали на албански јазик „Инфошќип“ и „Алмакос“.

Инаку, овој Центар за обука се наоѓа во состав на во украинската воена база Јаворив во западниот дел на Украина, на 10-тина километри од границата со Полска. Воената база и Центарот за обука на странските борци вообичаено се користеа за обука и заеднички вежби на украинската војска и нејзините партнери од НАТО. Руската армија го нападна Јаворив пред два дена со 30 ракети.

„Инфошќип“ и „Алмакос“ пренесуваат: „На прашањето на Гласот на Америка дали дошол во Украина како странски борец, Јетмир одговори: ‘Ние не сме во војска и јас не сум бил овде порано. Дојдовме во групи во петокот и по два дена Русите нападнаа со 30 бомби. Сите сме исплашени, под стрес. Во тие моменти спиев. Имам и фотографија кога експлодира првата бомба, во 5 часот изутрината и тоа на 10 метри од мене. Потоа уследија салвите на другите бомби со силни звуци. Беше лудо. Со трчање излеговме надвор и влеговме во бункер. Не знаевме каде да одиме, беше ужасно.“

„Новинарот на Гласот на Америка го праша овој Албанец- доброволец во украинската војска дали ќе се врати пак да војува против Русите. Тој одговори: ‘Јас не сум подготвен за ова. Сега си одам дома.“

„Еден ден претходно, Русија нападна украинска воена база на неколку километри од Полска, која е клучна дестинација за воената помош на Западот за Украина.“