Албанците од Скопје и Тетово со палење свеќи и „сеалбанско чествување-омаж“ за загинатиот косовски полицаец Буњаку

„Жителите на Тетово во текот на вчерашниот ден му се приклучија на сеалбанското организирање омаж – чествување на маченикот на албанскиот народ Африм Буњаку, кој беше убиен во неделата изутрината од српските терористи на Косово. На плоштадот Илирија во центарот на Тетово беа палени свеќи во знак на почит кон Буњаку.“ – објави весникот на албански јазик „Лајм“.

ТВ 21 објави: „Фотографија на наредникот на косовската полиција Африм Буњаку беше поставена на скалите на плоштадот Скендербег во Скопје вчера. Граѓаните и амбасадорот на Косово во * Македонија му оддаваа почит на Буњаку, кој беше убиен од терористичките групи на 24 септември, на северот на Косово додека беше на должност.“