Албанците од Македонија против „Мини шенген“ без Косово

Албанските партии во Македонија се против Мини-Шенген без Косово.



За да биде прифатлива идејата за Мини-Шенген, треба да се исполнат четири предуслови, велат од ДУИ:

„Да бидат опфатени сите 6 земји од Западен Балкан; да биде дел од европските регионални иницијативи; поддршка и присуство на ЕУ на овие форуми; поддршка и присуство на САД на овие средби“, вели Бујар Османи од ДУИ.

Од Алијанса за Албанците велат дека идејата за формирање Мини-Шенген е руско влијание.

„Иницијативата за регионална соработка, за Алијанса за Албанците поминува преку Косово и ова треба да ѝ биде јасно и на Албанија. Алијанса за Албанците прави сѐ за да го отстрани руското влијание, кое ни доаѓа во форма на Мини-Шенген од страна на Србија“, изјави Бујаре Абази од Алијанса за Албанците.

Мини Шенген без Косово не обезбедува долгорочност и дека е неправедно, сметаат од Движењето Беса.

„Начинот на кој е презентиран со неинклузивен пристап до овој Мини-Шенген се рекламира доста во последно време. ..Не може некој во 2019 година да планира балкански Мини-Шенген без Косово во него“, посочи Аријанит Хоџа од Движењето Беса.

Овие ставови се слични на оние од Косово.

Претседателот на Косово, Хашим Тачи, изјави дека неговата земја не може да биде дел од Самит на кој учествуваат земји кои сѐ уште не ја признаваат реалноста на независно Косово.

Во саботата во Тирана се одржа трета средба на Иницијативата Мини Шемген на која во орфганизација на домаќинот Албанија учествуваа Македонија, Србија и Црна Гора.

Извор: ТВ21