Албанците најзадоволни од бугарското претседателството со ЕУ

Околу 58 отсто од граѓаните од Западен Балкан сметаат дека Бугарија, со претседавањето со ЕУ, помогнала за европска интеграција на нивната земја, покажува истражувањето спроведено од компаниите кои се членови на Меѓународната асоцијација на Галуп.



Во Албанија, 81 отсто од луѓето го делат тој став, а во Црна Гора тоа процентот е 58 отсто.

Во Македонија, 76 насто од локалната албанска заедница има позитивен став кон минатото бугарско претседавање со ЕУ, пишуваат бугарски медиуми.

Меѓутоа, кај остатокот од населението, мислењата се поларизирани, што се должи на жестоката политичка борба меѓу двете главни партии во земјата.

Поделбата на мислењата ја докажува потребата од поблиски врски со Македонија.

Во Босна и Херцеговина, како и во Косово, оценките се поумерени  а културната близина со Бугарија не е толку силна.