Албанци во колона автомиобили долга 20 километри чекаат влез во Грција

Илјадници Албанци кои работат во Грција се „заглавени“ на границата меѓу двете земји



Тие се обидуваат да влезат пред утре да стапи во сила мерката според која секој што ќе влезе во Грција мора да има негативен тест за ковид-19, објави албанската полиција.

Колона долга повеќе од 20 километри, во која има околу 4.000 возила, беше формирана на граничниот премин Какавија, на југот на Албанија, бидејќи беа најавени нови грчки мерки за почетокот на следната недела, пишува агенцијата АТА.