Претставничка на Европскиот сојуз за промени, Саранда Имери, се пожали дека на Албанците во земјава, и покрај Законот за употреба на албанскиот јазик, не им било дозволено да извадат пасош на албански јазик.
Според неа, Албанците кои мора да патуваат во странство биле должни да извадат пасош на македонски јазик, пренесува Алсат.
„Оваа корумпирана влада нѐ враќа во времето на комунизмот кога на Албанците им беше скратено секое право.
За жал албанските граѓани кои мора да патуваат во странство се должни да извадат пасош на македонски јазик.
Овие редици не се случајни, ова се прави така што албанскиот граѓанин треба да повика некој да интервенира и на тој начин Владата да го услови за уште еден глас, рече Имери.






