Според официјалните податоци на сајтот „World Air Quality Index“, Скопје беше петти град во светот по загаденост на воздухот, со дури осум пати над дозволеното ниво на отровни честички во воздухот.
Најзагадено беше во Маџир Маало каде мерните станици мерат 410 ПМ 10 честички на метар кубен. Во Ѓорче Перов, без измерени 407 микрограми на метар кубен ПМ 10 честички, а во Кисела Вода, каде мерната станица покажува 398 ПМ 10 честички.
Близу 300 беше и во Ново Лисиче и Гази Баба, каде мерните станици мерат 296, односно 287 ПМ10 честички на метар кубен.
Дозволеното е максимум 50 миктрограми/ м3, додека ПМ2 честичките можат да одат до 25 мг/м3.
Аерозагадувањето синоќа беше високо и во Кавадарци, Гостивар, Тетово и Велес.





