Директорот на Клиниката за трауматологија во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, Илир Хасани во гостување на ТВ „Клан Македонија“, укажа на загрижувачката бројка заразени здравствени работници со вирусот корона во земјава.
Во моментот, 117 од вкупно 800 лица со корона во земјата се медицинари дијагностицирани со Ковид-19.
„Уште на почетокот, кога ме прашавте каква е ситуацијата во Македонија, јас ви кажав дека не е толку добра, алудирајќи на оваа бројка (117 заболени здравствени работници) која што навистина е загрижувачка. Бројките покажуваат дека една десетина(1/10) од заразените лица е здравствен персонал. Загризувачка бројка е, која што треба итно да се ревидира од здравствените власти и од раковорната власт. Тоа е една бројка, еден црвен аларм кој ние треба да го видиме“, рече Хасани.






