Во училиштето „Крсте Петков Мисирков“ во Радовиш, свештеното лице на микрофон повторуваше „Алаху Акбар“ за време на верски обред.
Ваквиот верски обред се случуваше пред почетокот на вечерата за ифтар, и тоа во училишната менза.
Верскиот обред во образовна институција ги изненади радовишани кои побараа одговорност од надлежните, јави Канал 77.
Државниот просветен инспекторат веќе пушти инспекција во радовишкото училиште, а со официјален став ќе излегле идната недела.




