Алабаковски го „запали“ Јутјуб со „Оган да го гори“ (ВИДЕО)

Ламбе Алабаковски предизвика голем интерес на Јутјуб со денеска поставената негова обработка на безвременскиот хит на Гоце Николовски, „Оган да го гори“, во рамките на музичкиот проект „Македонијо во срце те носиме“.



Музиката за мегахитот од албумот „Бисер балкански“ од 1994 година е на Војо Стојаноски, текстот на Гоце Николовски, обработката и аранжманот на Никола Мицевски, зурла, кавал и гајда на Гоце Димовски.

Обработката на Алабаковски е снимена и измиксувана во студиото „XL МОМИРОСКИ“, а за видеото се погрижи „Скендеровски продукција“.