Холандската влада соопшти дека ќе им исплати по 5.000 евра на своите ветерани во Обединетите нации, кои не успеаја да го спречат масакрот во Сребреница во 1995 година, како „гест и знак на благодарност“ за служењето во тешки околности, објави АП, пренесе Ал џезира.
Исплатата, објавена од министерот за одбрана, е еден од одговорите на владата на студијата со учество на 850 војници од холандската мировна мисија, додава агенцијата.
Војниците, биле во Сребреница кога градот бил преземен од добро вооружени војници на босанските Срби предводени од генерал Ратко Младиќ, кој е обвинет за геноцид од страна на Трибуналот на ОН во Хаг за неговата улога во ужасниот масакр во кој беа убиени повеќе од 8.000 луѓе.
Холандскиот Врховен суд во 2019 година донесе одлука дека Холандија е делумно одговорна за смртта на околу 350 муслимани кои беа убиени од силите на босанските Срби за време на злосторството, потсетува АП.
Холандскиот суд пресудил дека мировниците на земјата ги евакуирале луѓето од нивната база во близина на Сребреница на 13 јули 1995 година, и покрај тоа што знаеле дека се „во сериозна опасност да бидат злоставени и убиени“ од страна на српските војници.





