Неформалната активистка за заштита на кучињата скитници од Струга, Нела Стојанова(31) вчера околу 17 часот била нападната од глутница…



Ја нападнале 6 кучиња скитници. Едното куче ја каснало за ногата нанесувајќи и длабоки рани со крварење, а друго ја искаснало за рака, исто така нанесувајќи и видливи повреди, објави порталот Охриднет.

Девојката, како што пренесува порталот, побара помош од блиски, кои ја однеле во хируршкото одделение во струшката болница каде и биле санирани раните, а потоа била препратена во одделението за имунизација да прими вакцини против тетанус и беснило.