Активистите за права на животните со посебни дозволи ќе имаат право да излезат за време на полицискиот час и да се грижат за бездомните животни.



Здруженијата за заштита на животните до утре треба да аплицираат за тоа во Министерството за информатичко општество.

„На денешната седница на Државниот кризен штаб, донесовме одлука да за времетраење на претстојниот викенд и сè додека општо трае полицискиот час, активистите за благосостојба на бездомните животни, да можат по два часа дневно да се движат со цел да може да се нахранат бездомните животни“, напиша градоначалникот Петре Шилегов на Фејсбук.

https://www.facebook.com/petreshilegov/posts/3218504268374149