„Ако возиш не пиј, ако пиеш не вози“ – акција на МВР

Вчера на 14 Февруари СВР Охрид и Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата ја реализираа превентивно-едукативната сообраќајна кампања „Ако возиш немој да пиеш, ако пиеш немој да возиш“.



Притоа, полициски службеници од Отсекот за превенција, на неколку локации во градот, на возачите на моторни возила им поделија едукативни флаери со практични совети како потсетување за потребата од безбедно и внимателно управување со моторните возила и почитување на сообраќајната сигнализација, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

????????????????????????????????????