„Сè што бараме од државата e да ни дозволи сами да си помогнеме, да не нè кочат, на пример, вели Зоран Мијалков од здружението „Сплотени срца“ од Штип, родител на две деца со посебни потреби, кој се бори за решавање на статусот на ваквите деца кога ќе останат препуштени сами на себе.
„Перцепцијата во нашето опшстество е таква, обично оние кои имаат моќ да сменат нешто во општеството, обично категориите како нашата, ранливите категории, кога имаме нешто да кажеме, обично нивната перцепција е дека ние нешто се буниме. А ние од мака тоа го правиме, мораме да изреагираме за да нè спомнат, оти нè забораваат. Пред избори им текнува на нас, но потоа нè забораваат“, посочува Зоран Мијалков во емисијата „И што сега“ на МТВ.





