„Испораката на топлинска енергија може да почне и на 1 октомври ако температурата е 12 или под 12 степени. Во тек се редовните проверки на потстаниците, а се прават и последни подготовки за остранување на проблеми во мрежата“, изјави за Утрински брифинг Емилија Јакимовска Мишева, лицето за односи со јавност во БЕГ.
Грејната сезона стартува на 15 октомври но доколку температурите се ниски БЕГ има обврска да почне со испорака на топлинска енергија и пред 15 тој датум.
Од БЕГ апелираат потрошувачите навреме да ги завршат интервенциите на внатрешната грејна инсталација…







