Додека министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се замина со работи кои не се негова надлежност и патува на верски туризам во Ерусалим во Скопје криминалци му покажуваат дека тие се главни за (не)спроведување на законот.
На локацијата на огромната дивоградба на улицата ,,Пластичарска” продолжува да се гради објектот од над 2500 квадрати вреден над 6 милиони евра.
За време на празникот Велигден пред објектот кој стана симбол на неспроведување на законот во Скопје работат повеќе работници.
Работниците кои работат и на втор ден Велигден воопшто не се плашат од градежни инспектори или полицајци кои имаат налог да спречат градење на државното земјиште.

За тоа време Спасовски шета низ светот и лаже дека за прв пат се носи благодарен оган во Македонија што е далеку од било која негова ингеренција како министер за полиција.
Спасовски пред еден месец ја повлече наредбата за уривање на објектот која беше доставена до фирма за уривање и до специјални полициски единици кои требаше да ја обезбедуваат акцијата на градежниот инспекторат.
Според извори во МВР градителите на дивоградбата за кои власта тврди дека не се знае кои се, им упатиле порака на Спасовски и Ковачевски дека не смеат да го уриваат објектот ако сакаат поддршка за следните претседателски избори за кои министерот за внатрешни работи е претендент за кандидат на СДСМ и ДУИ.
Објектот на пластичарска улица не само што се гради без никаков документ туку е изграден на државен имот на Република Македонија.
Пред две недели градоначалникот на општина Центар Герасимовски најави иницијатива за конфискација на овој и други илегално изградени објекти на државен имот.
Пред повеќе од еден месец Спасовски најверојатно по притисок и лобирање од луѓето што стојат зад илегалниот објект ги повлече специјалците од објектот.






