Телевизија Алфа во емисијата Заспиј ако можеш вечерва објави дека јавната обвинителка за организиран криминал Вилма Русковска ќе даде шанса МВР како надлежна институција да поведе постапка за случајот со 200 пасоши издадени на шефови и членови на нарко картели од регионот и пошироко за кој брифираше ВМРО-ДПМНЕ.
Доколку тоа не го сторат МВР и министерот Спасовски, по допрен глас може да реагира обвинителството.
На прашање дали по допрен глас ЈООК ќе почне истрага за информациите на ВМРО-ДПМНЕ за издадени пасоши на шефови на нарко КАРТЕЛИ Или веќе се води ИСТРАГА, Русковска одговара:
“Ќе почекаме да видиме дали МВР ќе отвори постапка па ќе одлучиме дали ќе отвориме предмет по допрен глас. Сепак треба да се даде шанса на надлежната институција”.
ВМРО-ДПМНЕ објави дека 200 членови на нарко групи добиле македонски патни исправи во последните 4 години.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска не го коментираше случајот.






