Ако СЈО не продолжи со работа – нема прием во НАТО!?

Идниот помошник на државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Филип Рикер, на средбите со државните и партиски лидери предупредил дека од иднината на СЈО, ќе зависи и ратификацијата на приемот на земјава во НАТО во некои земји членки, дознава порталот „Сакам да кажам“ од дипломатски извори.



Законот за Јавно обвинителство со кој Специјалното обвинителство се спојува со редовното, (носејќи ги со себе сите истраги) би го суспендирало мислењето на Врховниот суд кој ги забрани сите истраги што ги отвори СЈО по 30 јуни 2017 година и со неговото изгласување со двотретинско мнозинство во Собранието, тоа мислење заминува во историјата.

Премиерот Зоран Заев денеска рече дека очекува консензус околу овој закон, од кој зависи и добивањето позитивна препорака од Европската комисија за почнување претпристапни преговори за членство во ЕУ.