Алијансата за Албанците ја напушти денешната собраниска седница за пратенички прашања, бидејќи нивниот лидер Зијадин Села не е меѓу првите пратеници кој ќе постави прашања.



Според пратеникот на оваа партија, Сурија Рашиди, ако пратеник од опозициските албански партии не се меѓу првите двајца за поставување пратенички прашања, тогаш воопшто ќе нема седница за пратенички прашања.

„ Како сега да го ставам Села да постави пратеничко прашање кога на спсокот кој ми го доставивте од 26 пратеници, Села го нема никаде. На координација пред седницата за пратенички прашања не доаѓате за да се договориме“, одговори спикерот Талат Џафери по што даде пауза.