Ако се води од Твитер Пендаровски не треба ни да помисли на втор претседателски мандат

Шефот на државата изјави дека ако не е претседател ќе се отселел од Македонија а деновиве изјави дека одлуката за кандидатура за втор мандат како претседател ќе ја донесе откако ќе види какво е расположението на јавноста.



Ако тој се води од расположението на социјалната мрежа Твитер, Пендаровски не треба ни да помисли на втор претседателски мандат.

Анкетата која ја прави твитер профилот АнкетиМК нема научна вредност но многу кажува за ставот на граѓаните за Пендаровски.

На прашањето ,,Според вашето мислење, дали се согласувате дека Претседателот Стево Пендаровски добро ја извршува својата функција?”, целосно позитивно мислење дале само 7 посто од тие што одговориле.

Делумно позитивен одговор за претседателот дале 6 проценти од вкупно околу 650 луѓе што го дале својот глас.

Останатите 77 посто од одговорите се целосно или помалку лоши за Пендаровски.