Комисијата за заразни болести донела нови рестриктини мерки кои би се активирале доколку во следниот период состојбата се влоши:
Целосна забрана за организирање на настани
Скратување на работното време на сите економски субјекти до 23 часот
Во јавниот превоз капацитетот да биде исполнет до 50%
„Денеска не препорачуваме ништо, оставивме да видиме како ќе се движат бројките на новозараени и за време на викендот, но генерално разговаравме да предложиме до Владата мерка која ќе се однесува на работењето на сите угостителски објекти, маркети, сендвичарници, пекарници и така натаму“, вели извор од Комисијата за заразни за „Фактор“.
Следната недела во Собрание треба да бидат направени измените на законот за полиција, по што на Влада ќе може да биде изгласан претходниот пакет мерки кои беа изминатата недела беа донесени, а се однесува на задолжително носење на маска на отворено, забрането групирање по 22 часот на отворено и одење на гости во куќа/стан максимум 4 гости.





