Ако СДСМ го укине „Пржино“, идна влада на ВМРО може да го укине „Преспанскиот“

Холандскиот експерт за Балканот и албанското прашање, директор на организацијата БИП и советник на Светска Банка Ханс Ван Ден Берг смета дека унилатералната одлука на владата на СДСМ за укинување на договорот од Пржино може да предизвика и други унилатерални чекори на други идни влади.



“Новата македонска влада создава опасен преседан: Со унилатерално поништување на Договорот од Пржино кој е постигнат со посредување на ЕУ идна влада на ВМРО-ДПМНЕ може исто така да го поништи Преспанскиот договор.

Холандскиот експерт Ван Ден Берг беше поддржувач на Заев и СДСМ додека дојдоа на власт по што го критикува погрешниот начин на владеење на оваа партија.