Ако сакаат, НАТО ќе ги прими Финска и Шведска со раширени раце

НАТО ќе ги пречека Финска и Шведска во своите редови со раширени раце доколку одлучат да аплицираат, изјави вчера генералниот секретар на алијансата. Руската војна против Украина ја стимулира јавната поддршка во двете скандинавски земји за членство.



НАТО може да обезбеди и безбедносни гаранции за земјите доколку потенцијалната кандидатура за членство ја налути Русија, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Минатомесечната анкета на финската телевизиска компанија YLE покажа дека за прв пат повеќе од 50 отсто од Финците поддржуваат приклучување кон западната воена алијанса. Во соседна Шведска, слична анкета покажа дека поддржувачите на членството во НАТО се повеќе од против.