Со добар адвокат, и доколку сака, Љупчо Палевски, осомничениот за убиствата на Вања Ѓурчевска и Панче Жежовски од Велес, може комплетно да ја закочи постапката за екстрадиција, тврди адвокат, објавува „Фактор.мк“.



„ Доколку има добар адвокат, тој прво може воопшто и да не прифати да биде екстрадиран во земјава со тврдење дека во Македонија му се случува политички прогон, а во прилог на тоа многу лесно ќе обезбеди докази од експлицитните изјави на надлежните за него “ вели адвокат кој сакаше да биде аномимен и кој го консултираше „Фактор“.

Калајџиев: Палевски може да го искористи тоа што го нарекуваат „монструм“, „психопат“…

Турските власти ќе мора да ги проверат сите негови тврдења со оглед на тоа што во целиот случај индиректно е инволвирана и неговата партија, односно, користено е службено возило на партијата, а категоричните изјави само одат во прилог на тврдењето дека тој е политичка жртва во земјава, вели адвокатиот за Фактор..„ Секако, постои и опција тој да ја прифати екстрадицијата, но, доколку се одлучи за другата опција, тогаш до неговата екстрадиција во земјава ќе поминат месеци“ вели тој.