Ако Русија ја нападне украина САД ќе го спречат „Северен тек 2“

Ако Русија ја нападне Украина нема да има ништо од руско-германскиот гасовод „Северен тек 2“ , предупреди американскиот претседател Џо Бајден.



„Ако Русија нападне… повторно, нема да има ништо од Северниот тек 2. Ние ќе завршиме со тоа“, изјави Бајден на заедничката прес-конференција со германскиот канцелар Олаф Шолц.

Запрашан како ќе осигури да биде така, Бајден одговори „Ви ветувам дека ќе бидеме способни тоа да го сториме“.

Со Северен тек 2 треба да се удвојат руските испораки на гас во Европа на вкупно 110 милијарди кубни метри, а изградбата ја финансираше концернот кој го сочинуваат руски „Газпром“ и неговите европски партнери австриски OMV, француски ENGIE, британски „Shell“ и германските „Uniper“ и „Wintershall DА“.

САД беа против овој гасовод и се обидоа со санкции да го запрат неговото завршување, но Германија одговараше дека тој е важен за нејзината економиија и дека Вашингтон на тој начин сака да го пласира својот течен природен гас (LNG) во Европа.

Украина, пак, која се противеше со истиот изговор дека Северен тек 2 ќе ја зголемел европската зависност од руските енергенси, со овој гасовод кој ја заобиколува губи милијарди евра годишни приходи од транзитот на рускиот гас преку нејзина територија.