Доколку Русија ја нападне Украина, повеќе од 1 милион луѓе би можеле да побараат засолниште во Европската унија, изјави потпретседателот на Европската комисија Маргаритис Схинас, цитиран од Ди Велт.
Тој вели дека бегалците може да се користат како средство за притисок врз Унијата, како и мигрантите кои влегуваат од Белорусија.
„Според различни проценки, може да пристигнат меѓу 20.000 и повеќе од еден милион луѓе“, рече Схинас, нагласувајќи дека ЕУ „е подготвена да мобилизира значајна хуманитарна помош и да им обезбеди цивилна заштита“.
Тој посочи дека во Украина живеат околу 20.000 граѓани на земјите од Европската унија, а има и голема група на луѓе со потекло од Унијата.
Полска со ѕид ќе ја засилува границата со Русија
Се претпоставува дека во случај на руска инвазија на Украина, бегалците би можеле да бидат насочени главно кон соседна Полска – заедничката граница меѓу двете земји е долга 535 километри.
Полската влада веќе соопшти дека се подготвува за веројатноста до милион украински бегалци да ја преминат границата.







