Францускиот претседател Емануел Макрон е убеден во победата над неговата противкандидатка Марин Ле Пен, на утрешниот втор круг од претседателските избори.
Анкетите му даваат меѓу 10 и 14 проценти предност на актуелниот пртеседател кој бара уште еден мандат.
Не само што е уверен, тукуѕ тој испланирал победничка забава да биде во Ајфеловата кула.
Поради тоа најавено е дека , една од главните атракции на Париз, утре, по 15 часот ќе ги „затвори вратите“ за туристите а обезбедувасњето ќе ја провера областа.
Аналитичари во Франција велат дека победата на Макрон овојпат ќе биде тешка, а Французите се соочени со невозможен избор – кандидатот на националистите чии вредности се контрадикторни со вредностите на републиката или Макрон, кој во својот прв мандат направи малку за обичните Французи и многу за луѓето кои го направија претседател на Франција.







