Директорот на ЦИА Вилијам Барнс предупреди на опасноста Русија да користи тактичко или мало нуклеарно оружје доколку претседателот Владимир Путин „падне во очај“ од неуспехот да постигне решение, а за него тоа е победа во војната против Украина.
„ЦИА внимателно следи за какви било знаци за ова“, рече тој додека разговараше со студентите во Грузија. Тој сепак нагласи дека американските разузнавачи немаат докази за распоредување на војници или движење на оружје за такви планови.
Сепак, Барнс предупреди дека администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден сериозно ја сфатила заканата од руската употреба на нуклеарно оружје, „со оглед на можниот очај на претседателот Путин и руското раководство поради воените неуспеси со кои се соочуваат“ за време на инвазијата на Украина.
Таканареченото „тактичко“ нуклеарно оружје е помалку деструктивно и е наменето за употреба на бојното поле.
Русија има голем арсенал на вакво оружје, наведува Би-би-си.







