Ако оди во Прешево, Харадинај ќе биде уапсен!

По вчерашните шпекулации дека Рамуш Харадинај е поканет да го посети Прешево, остро реагирал српскиот министер за внатрешни работи, Небојша Стефановиќ.



Тој го предупреди косовскиот премиер дека оди во Прешево – че биде уапсен, пишува приштинска „Газета Експрес“.

„Нашиот суд е одговорен за тоа. Наредбата останува во сила и тој сигурно ќе биде уапсен“, изјавил Стефановиќ за српски Курир.

Харадинај е обвинет од Србија за „воени злосторства“, за што двапати беше ослободен од Хашкиот трибунал.

Премиерот беше уапсен лани по српска потерница во Колмар, Франција, но подоцна беше ослободен.

Закани за апсење на Харадинај доаѓаат особено по апсењето на Ѓуриќ во Косово.