Ако нема договор за името не е крај на светот, вели Заев

Во изјава за агенцијата Франс прес, која ја пренесува МИА, премиерот Зоран Заев изрази уверување дека земјата никогаш не била поблиску до постигнување решение за спорот со Грција околу името.



„Верувам дека никогаш не сме имале подобри околности за постигнување целосно решение, кое ќе трае засекогаш, нагласи македонскиот премиер, додавајќи дека доколку „спорот не се реши, тоа нема да значи крај на светот“.

Тој уште рече дека голем дел од спорот околу името на Македонија е решен, но дека не сака да открие детали од преговорите, бидејќи „тоа може да го загрози процесот“, пренесе МИА.