Советничката групана СДСМ во Совето на Град Скопје поднесе иницијатива Градот Скопје времено да ја остапи Универзална сала на Владата.



Ако веќе Арсовска не сака и не може да ја доврши реконструкцијата, Владата која е и финансиер на овој проект, има и волја и можност тоа да го стори, рече Љубица Јанчева координаторка на советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Град Скопје.

Јанчева потсети дека еконструкцијата на Универзална сала повеќе од една година стои во место, откако градонарчалничката Данела Арсовска реши овој проект да не продолжи. За реконструкцијата на овој важен објект за Скопје, но и за целата држава, обезбедени се средства во износ од 120 милиони денари од Владата, од кои искористени се само околу 40 милиони, што значи дека за овој проект на располагање се уште 80 милиони денари.

Претходно, и министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска соопшти дека се уште чекаат на одговор на скопската градоначалничка Данела Арсовска околу временото отстапување на Универзална сала, откако заедно со министерот за локална самоуправа Ристо Пенов, имала средба со Арсовска околу изнаоѓање заедничко прифатливо решение за да продолжи изградбата Униварзална.

Прв чекор за обновата на Универзалната сала е направен во 2018 година кога тогашниот градоначалник Петре Шилегов потпиша „писмо за намери“ со тогашниот министер за култура Роберт Алаѓозовски.

И потоа почнаа да се пролонгираа рокови, да се менуваа опции, проекти, за да дури во јуни 2021 се означи почеток на реконструкцијата, непосредно пред локалните избори со два милиони евра дадени од Владата.

На изборите Арсовска го замени Шилегов, и наеднаш се појави проблем со стабилноста на објектот, со пропуст во проектот и потребата тие да се отклонат…