Ако треба да бира меѓу идентитетот и членство во ЕУ претседателот Пендаровски бира да е Македонец без да влезе ЕУ.
Претседателот Стево Пендаровски во емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат зборувајќи за последните случувања во македонско-бугарските односи и нивното влијание врз преговорите за членство на Македонија во Европската Унија нема дилеми што е поважно за него.
„Ако цената е да не бидеме Македонци и јазикот што го зборувам, да не биде македонски јазик, тогаш не ни треба ЕУ“, вели Пендаровски во интервјуто, коментирајќи ја изјавата на Бугарија приложена кон заклучоците од Советот за општи работи на ЕУ, со кои беше донесена одлука за почеток на пристапни преговори со Северна Македонија.
Претседателот Пендаровски во вечерашното издание на „360 степени“
Шефот на државата одговара и на прашања за најавената лидерска средба, изборите и вонредната состојба. Тема се и безбедносните закани за земјава и состојбите во Агенцијата за разузнавање.
Емисијата „360 степени“ почнува во 22 часот на ТВ Алсат.




