Германија како најголем трговски партнер на Македонија ќе оствари негативен раст на економијата и тоа ќе влијае и на македонската економија.
Негативниот раст, односно падот на економијата на моторот на ЕУ, Германија, е еден од клучните фактори кои влијаат врз случувањата во нашата економија, и објективно силно влијае врз економската активност во нашата земја“, објави вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи на социјалните мрежи.
И покрај ваквите бројки кај најголемите трговски партнери на Македонија, вицепремиерот уверува дека Владата ќе работи на остварување на позитивен економски раст од 2,5 проценти до крајот на годинава.






