Сузана Сурловски-Ѓеоргиевска, претседателка на Асоцијацијата „Блаже Конески“ од Париз, го поддржува повикот за рачно пребројување на гласовите по сите перипетии со компјутерскиот систем на Државната изборна комисија.
„Ако може во Франција да се пребројуваат гласовите рачно, во секоја изборна единица, тогаш може и во Македонија!
Не ви е потребен систем кој ви паѓа и не е ефикасен!
Франција има повеќе од 67 милиони (жители – н.з.), Македонија 2 милиони!“, коментира на Фејсбук македонската активистка од Франција, чие здружение во 2015 година доби Повелба на Република Македонија од тогашниот претседател Ѓорге Иванов.





