Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи, на заедничката прес-конференција со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во Брисел, изјавиl дека доколку може на претседател на Македонија да му се дава легитимитет со 40 отсто излезност, може и на ваков важен процес како што е референдумот.



Вицепремиерот уште додал дека Македонија неповратно се движи кон ЕУ и дека нема назад, пренесе Фокус.

Османи во Брисел ја предводи македонската делегација на почетокот на скрининг процесот како подготовка за почеток на преговорите за полноправно членство во Европската унија.