(…)



Сите европски земји имаат мнозински народ што е носител на државноста и како таков фигурира во нивните устави, тоа право на македонскиот народ системски му се ускратува уште од самостојноста наваму, за сега сосема отворено и без ракавици да му биде јасно предочено дека во сопствената држава може да биде само граѓанин, одвоен од државата на која ѝ се инсталираше географска одредница со коса црта, пишува Сашо Таневски во колумна насловена “Кому му пречи македонскиот народ во преамбулата“? за „Нова Македонија“.

Обидите за демонтажа на фундаменталните атрибути на карактерот на Македонија како држава на македонскиот народ се тренд во нагорна линија. Тој се идентификува со засилениот меѓународен притисок за уставни промени со кои ќе бидат внесени Бугарите во Уставот, но и со зачестените внатрешни притисоци од страна на албанските политички субјекти, кои бараат бришење на етничките обележја и сведување на Македонците само на граѓани на Република Македонија.

„…Ако во Уставот не пишува дека Македонија е држава на македонскиот народ, нема да не пишува никаде. Ќе стои само дека Македонија е држава на граѓаните.

А, кои се тие граѓани“ прашува историчарот Тодор Чепреганов, според кого граѓанската опција, дури и кога се предлага, не смее да ја поништува етничката.
За него нема никаква дилема дека во тек е „финалниот процес на разградување на Македонија како држава на македонскиот народ“, пишува Таневски…