Откако американскиот Стејтдепартмент во свој извештај посочи дека македонските обвинители ги прекршуваат законските рокови во своите истраги што е најпластично прикажано преку притворот на Орце Камчев, денеска уште еден удар врз обвинителството за одлуката за против на бизнисменот.
Доколку сопственикот на Орка Холдинг кој е во притвор сакал да избега тоа ќе го сторел многу лесно без за тоа воопшто да дознаат макединските безбедносни служби, тврди бугарски вицепремиер.
“Македонија е земја во која власта на Зоран Заев сака да им ги земе парите со рекет на успешните бизнисмени, а успешните луѓе да ги прогонува, вели Красимир Каракачанов” , вице-премиер и министер за одбрана на Бугарија во телефонска изјава за „Инфомакс“.
„Ако сакал Јордан Камчев да избега од Македонија тој воопшто немаше да се врати таму. Тој е Бугарски државјанин, беше тука кај нас минатата година, можеше и да не се врати. Имаше можност и со бугарската лична карта легално да ги премине границите со Грција, Бугарија и Албанија – тоа тој не го направи“ – вели Каракачанов.
Бегство на бизнисмен од класата на Орце Камчев, објаснува Каракачанов, е многу тешко да биде детектирано дури и за бугарските служби бидејќи тие луѓе имаат многу пари, и ако имаат вистинска намера да избегаат од државата најчесто можат да си ја купат слободата и со туѓа државна помош да заминат.
„Бегство со помош на трета држава се организира многу едноставно – ќе го земат со дипломатско возило и ќе го извадат од државата. И толку“ – објаснува Каракачанов во телефонска изјава за „Инфомакс“.
Целата информација на овој линк
За извештајот на Стејтдепартментот на овој ЛИНК





