Во вечерашната дебата на Канал 5, премиерот Зоран Заев рече дека ќе биде подготвен да разговара за распишување предвремени избори доколку изгуби претседателскиот кандидат Стево Пендаровски и доколку опозицијата го побара тоа:



„Кажувам јасно и гласно, прифаќам предвремени парламентарни избори ако побара опозицијата доколку Пендаровкси изгуби.

Така треба и Мицкоски да каже јасно и гласно дали ќе си поднесе оставка ако изгуби кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Заев.

„Мицкоски ќе ве победи на следните парламентарни избори, ако си останете на зборот“, одговори на тоа лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.