Мелничко-пекарската индустрија ќе мора да ја зголемат цената на производите за да можат да го преживеат шокот од високите цени на енергенсите и суровините, велат од нивното Здружение.



Новите договори кои ќе ги потпишат за месец до два ќе бидат на драстично повисоки цени на поради најавениот раст на цената на струјата, дознава Плусинфо.

Пекарниците, иако ги зголемија цените на производите во изминатиот период, најавуваат ново поскапување како резултат на високите цени на струјата, нафтата и повисоките цени на брашното кое го обезбедуваат од домашниот и странскиот пазар.

„ Новите договори за снабдување со струја кои ќе ги потпишат компаниите од овој сектор ќе бидат со драстично повисоки цени. Досега струјата се зголеми за 400 отсто. Тоа ќе влијае мелниците да ги зголемат цените на брашното за да можат да опстанат. Во Србија, од каде што најмногу се увезува брашно веќе е зголемена цената за 70 отсто. Сето тоа дополнително ќе ги зголеми трошоците на пекарниците и неминовно ќе биде да се зголеми цена на лебот и другите производи. Во спротивно ќе треба да ги затвориме мелниците и пекарниците – вели Горан Малишиќ од Здружението на мелничко-пекарската индустрија во Стопанската комора.

Тој предупрдува дека ценовниот шок ќе значи и клуч на врата и отпуштање на работнициво индустријата каде се вработени се над 10.000 вработени, но од неа живеат и 100.000 земјоделци…

Пекарите, пак, велат дека цената на брашното во последните два месеца е речиси двојно повисока од ланската и изнесува меѓу 18 и 25 денари за килограм, објави Плусинфо.