Од денеска се враќа евтината дневна тарифа на струја за домаќинствата, со што 170.000 корисници ќе имаат на располагање вкупно 11 часа евтина електрична енергија во текот на едно деноноќие од понеделник до сабота и 24 часа во ден недела.



Ова се однесува на корисниците кои имаат дигитални броила.

На оние на кои на екранот на броилото ќе им се појави стрелка над ознаката Т2 значи дека имаат дневна евтина тарифа.

Другите 650.000 домакинства ќе ја добијат во текот на декември затоа што нивните струјомери треба рачно да се прилагодат.