„Иако се залагам за целосно либерализирана пазарна економија, ако е потребно ќе ги замрзнеме цените (на одредени продукти) бидејќи граѓани заслужуваат да се однесуваме етички во овие моменти солидарно кон заедничкото справување со кризата“.
Ова го изјави денеска министерот Фатмир Битиќи, одговарајќи на новинарско прашање во врска со зголемувањата на цените на храната и на електричната енергија.
Шпанците ќе јадат леб и ќе пијат млеко без ДДВ
Тој најави и мерки за помош на најранливите категории граѓани и по март следната година кога истекуваат постојните.
„ Веќе се гледаат првите резултати на враќање на одредено ниво на цени на основните прехранбени производи.
Лично не сум задоволен од брзината на која рагираат сите, сметам дека можеа солидарно побргу тоа да го направат зашто во криза сите се погодени и сметам дека затоа целосно поддржувам воведување нов данок за екстра добивка бидејќи тоа е еден начин како кон одредени структури треба соодветно да се однесуваме. И наредната година ќе биде период на криза, рече Битиќи на прес-конференција во Владата.
Околку енергетската енергија, тој смета дека успеал да осигураат и да не дозволат зголемувањата да бидат енормни до ниво на пазарни цени.







