Бркањето од работа на екс техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев од Агенцијата за разузнавање предизвика многу негативни реакции во јавноста.
Меѓу реакциите е и таа на екс вицепремиерот и амбасадор Ивица Боцевски кој вели дека има начин за справување со оваа злоба.
“Наќе Чулев е вистински професионалец и искрен патриот. Беше чест да се соработувам со него додека работев во кабинетот на претседателот Иванов и потоа како амбасадор во Бразил.
Подоцна долгите разговори преминаа од оперативни и дневни теми кон прашања за прочитаните книги, културата, историјата и други глобални прашања.
Исто така, Наќе е човек со цврсти вредности, принципи и идеи, докажан демократ, еврофил и атлантист.
Нема зборови кои што може да го опишат сето ова низ што тој поминува од 2019 година, но најблиску е една наша позната изрека која што ја користи баба ми “Ако е од Бога, фала му, но ако е од луѓе тогаш лесно ќе се справиме со состојбите”.
Наќе, иако си имаме работа со нелуѓе и ѕверови (ова најдипломатски го кажувам), сепак никој не може да ти ги одземе образованието, начитаноста и постигнувањата. И ова ќе помине и сите нешта ќе си дојдат на место … Ќе треба да смогнеме сили еден ден и да простиме за сета оваа злоба, но никако не смее да заборавиме што ни сторија (и на нам лично, но и на целата наша заедница)”, пишува Боцевски.
Во коментарите многумина не се согласуваат да се прости за политичкиот реваншизам кој може да се подведе под неколку членови од Кривичниот законик.






